Времето во земјава ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде повремено ќе бидат поројни и се очекува локално да наврнат до 20 л/м2 дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Охрид времето денес претежно облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 19 степени.

Во петок претпладне ќе има повремен локален дожд со послаб интензитет, а попладне ќе настапи постепено стабилизирање на времето. За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневните температури.

OhridNews