Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места можно е процесите да бидат поинтензивни. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 25 степени, а УВ индексот ќе изнесува 7, соопшти УХМР Македонија.
Утре ќе преовладува сончево и топло со умерена облачност. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 24 степени, а УВ индексот ќе изнесува 7. На места можни се краткотрајни врнежи од дожд.
Според прогнозата, ќе имаме променливо облачно време, попладне со локален дожд и ретки грмежи, особено на југ. УВ индексот ќе изнесува 7. Слично време се најавува и за вторник.
OhridNews