“Претприемачот како фактор во туризмот” ќе биде насловот на трибината  која на 14 мај, петок, ќе се одржи во Охрид, како дел од програмата на овогодинешното издание на “Европскиот ден на претприемачот”. Оваа манифестација во Македонија се одржува по петти пат, а во неа покрај Охрид, ќе бидат вклучени и Битола и Скопје.

Во рамки на трибината која ќе се одржи во просториите на охридската локална самоуправа, свои излагања ќе имаат Градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески, Директорот на агенцијата за промоција и развој на туризмот, Зоран Стрезоски, Професорите од Фaкултетот за туризам и угостителство од Охрид, Зоран Тунтев и Сашо Коруноски и други учесници.

OhridNews