Полициски службеници од СВР Охрид вчера лишиле од слобода 27 годишно лице од село Ботун, Општина Дебрца.

Како што информираат денеска од МВР, при претрес во дом во Охрид, каде привремено престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews