Во село Слатински Чифлик, општина Дебрца, вчера во 15.50 часот полициски службеници од СВР Охрид лишиле oд слобода 61-годишно лице од село Слатински Чифлик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 12 мм и 23 куршуми за ловечка пушка калибар 12 мм.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews