
На оваа тема под модераторство на претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, кој е и покровител на Форумот, ќе дискутираат претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Бугарија Георги Прванов, на Албанија Бамир Топи, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ, заменик-генералниот директор на Дирекцијата на Европската комисија за проширување Јан Трушински, како и високи претставници на влади, на водечки компании, банки и деловни асоцијации, како и припадници на академски заедници и преставници на 50 медиумски куќи од државите во регионот.
Иако беше најавено, претсдателот на Србија Борис Тадиќ, во последен момент го откажа доаѓањето во Охрид.












