Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид, ги прими избраните жени менаџерки за 2024, од земјава и регионот, во рамки на манифестацијата „Избор на најуспешни жени“, организирана од агенцијата „Марили“.

Соговорничките ја запознаа Сиљановска Давкова и со активностите на Марили Бизнис Клубот (МБК) формиран во 2016 година, а во кој членуваат успешни бизнис лидерки што низ годините биле носителки на признанието. Обединувајќи над 150 менаџерки, клубот се фокусира на засилена соработка, вмрежување, хуманитарни настани и охрабрување на младите жени да се остварат во бизнис сферата.

Упатувајќи честитки до избраните жени менаџерки за 2024, претседателката Сиљановска Давкова го нагласи нивниот личен пример како поттик за поголема вклученост на жените во бизнис секторот. Во тој контекст изрази задоволство и од посветеноста на агенцијата, која со нејзините иницијативи, проекти и активности, придонесува кон унапредување на женското менаџерство, како еден од клучните предуслови за одржлив развој на нашето општество.
OhridNews











