Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод започнувањето на новата академска година, денеска, ќе присуствува на првиот академски час на Универзитетот за информатички технологии и науки „Св. Апостол Павле”во Охрид, каде ќе има поздравно обраќање пред студентите.
Со свечен час, исто така денеска, ќе отпочне академската година и на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.












