Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов кој православниот празник Водици го прослави заедно со многуилјадниот народ, на фаќачот на чесниот крст кој денеска беше фрлен во осветените води на Охридското Езеро, му подари икона од Св. Климент Охридски, заштитникот на Охрид, изработена од старите мајстори во манстирот Зрзе, прилепско.
По повод големиот христијански празник Иванов упати честитки до верниците и им посака задравје, среќа и бериќет.
– Овие празници ги сплоптуваат, обединуваат луѓето. Гледате нема разлики тука, сите сме тука да славиме и меѓусебно да си честитаме, успеси , затоа што успесите не обединуваат, исто како и спомените.-рече Иванов.