На Плошник во Охрид денеска ќе се одржи свеченост на која ќе бидат прогласени најдобрите студенти на инженерските факултети.

Традиционално претседателот на државата, Ѓорге Иванов, нив ќе им го додели признанието „Инженерски прстен“. За прв пат ова признание беше доделено во 2004 година.