Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов заедно со учесниците на Школата за млади лидери во Охрид, го проследи натпреварот меѓу Вардар и Фенербахче. „Црвено црните“ во двата мечеви го совладаа турскиот гигант и обезбедија пласман во фазата по групи во Лигата на Европа. 

– Ви ја честитам победата, историскиот успех на екипата на ФК Вардар и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, што е најголемо постигнување за македонскиот клупски фудбал. Честитки до фудбалерите, целиот стручен штаб и до раководството на ФК Вардар. Вие со вашата мотивираност, дисциплина, желба и тимски дух покажавте дека може да се успее и да се совладаат најголемите предизвици. Вие сте позитивен пример за сегашните и идните генерации. После ракометарите и ракометарките на Вардар, повторно екипа која го носи ова славно име, ја обедини нацијата и спортската јавност. Сега слави цела Македонија. Напред Вардар ! – се вели во честитката од претседателот Иванов. 

Вардар е првиот фудбалски клуб во нашата земја кој ќе презими и ќе ги дочека натпреварите по групи во едно од двете натпреварувања под капата на УЕФА.

OhridNews