Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорѓе Иванов присуствуваше не мечот со Полска во “Арената“ која беше обоена во боите на македонската репрезентација. Претседателот донесе многу среќа за избраниците на Шундовски, кои уште еднаш ја кренаа нацијата на нозе. Пред и после мечот, претседателот ги посети ракометарите во соблекувалните, за да им посака среќа и да им ја честита “лавовската“ победа над полјаците.


После натпреварот со Полска, претседателот Иванов даваше ексклузинво интервју за официјалнио сајт на ЕХФ.

ЕХФ : Зошто е толку важно, што се одлучивте да присуствувате на Европското првенство во Србија ?

Иванов :  Ние сме тука со една цел, да ги бодриме нашите репрезентатривци, бидејќи тие не обединија и не мотивираа да бидеме поуспешни.

ЕХФ : Пред да започне мечот со Полска, вие бевте во македонските соблекувалните, што му рековте ?


Иванов :    Му посакав среќа на мечот со Полска, и им честитав за досегашните успеси кои ги направија на ЕП воСрбија.

ЕХФ : Сите на Европското првенство зборуваат за македонските навивачи, во Ниш бевте 10, 000 фанови. Сега и во Белград сте најмногу бројни, треба да сте горди на македонците кои доаѓаат да ги бодрат репрезентативците ?


Иванов : Македонија минатата година прослави 20 годишнина од осомостојувањето,  ние имаме нови генарации кои ги бараат своите херои и идоли, и си го трасираат патот по нив. 

ЕХФ : Што кога ќе се враќате дома, во Македонија што чувстуваат луѓето за успехот на ракометната репрезентација ?

Иванов : Секој успех на нашите спортисти, македонскиот народ знае да го прослави, сите се собираме на едно место и прославуваме.

ЕХФ : Вие сте тука со вашиот син на ЕП во Србија, тоа е многу важно што вие со вашата фамилија доаѓате да ја бодрите Македонија ?


Иванов : Тоа не е возможно да се воздржам во себе,  дојден сум со мојот син, ние секогаш ги  подржуваме нашите ракометари. Ја користам секоја прилика да бидам со сите репрезентативци кои ја престуваат Република Македонија.

ЕХФ : Успех кошарка, ракомет – Што е следно ?

Иванов : Ние се трудиме во секој спорт да имаме светски и европски успеси, не само во кошарката и ракометот. Младите имаат каде да тренираат и да се стремат на успесите кои ги донесаа кошаркарите и ракометарите.

ЕХФ : Како сте задоволни од организацијата на Европскиот собир во Србија ?

Иванов : Сакам да им честитам на Србија за одличната организација на ова Европското првенство, све е на високо ниво.  Ова треба да биде вистинска прилика за наредните домаќини како да се престават во вистинско светло.

Следен противник на македонската репрезентација е домаќинот Србија, натпреварот се игра в среда во 20:15 часот.

Мх.П.