
Во овие празнични денови ми претставува особено задоволство и чест, на сите православни верници, да им го честитам христијанскиот празник, празникот над сите празници, Воскресението Христово – Велигден.
Ви посакувам Велигден да го поминете во среќа и благосостојба, опкружени од своите најблиски и исполнети со верба и безмерна радост поради Христовата победа над смртта. Велигден како празник на светлината е убава можност, поткрепени од божјата милост, да работиме на нашата духовност, грижа и љубов за другите. Христовата жртва за човештвото нека биде патоказ за добродетелство, меѓусебно помагање и споделување со сите наши сограѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност.
Велигден е празник на победата на правдата над насилството. Празник на вечната верба и надеж.
Нека е честит празникот и за многу години.
Христос воскресна! Навистина воскресна! – стои во празничната честитка на претседателот Иванов.












