Извонредниот џез – фанк изведувач, охриѓанецот Владимир Четкар деновиве имаше забележителен настап во Скопје.


„Даблинер“ беше едноставно премал да ги прими сите фанови кои таа вечер уживаа во неповторливата енергија, музика и топла атмосфера. Меѓу другите видни гости настапот на Четкар го проследи и претседателот Иванов со неговиот син Иван кои се големи обожаватели на џез-фанк музиката.


Владимир Четкар беше придружуван од одличните Оливер Јосифовски на бас и Гоце Стевковски на тапани.


Исто така во прекрасна атмосфера помина и кумановскиот концерт на Владимир Четкар во „Нама Клуб“ кој беше организиран од Општина Куманово и градоначалникот на Куманово, а промотори на овај настан беа Нино Величковски и Боби Серафимовски.

OhridNews