Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска, во 19 часот во Струга ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и почесните конзули во Република Македонија.

На приемот, што традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. Олег Шчербак.

Во рамки на дипломатскиот прием, што според воспоставената практика се одржува надвор од главниот град, претседателот Иванов и претставниците на дипломатскиот кор, утре, 28-ми јануари ќе ја посетат општина Вевчани, каде што е предвидена посета на црквата „Св. Никола” и на Вевчанските извори.

Традиционалниот прием по повод новогодишните и божиќните празници за претставниците на дипломатскиот кор, изминатите години беше приреден во Битола, Крушево, Гевгелија и во Берово.

OhridNews