Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денес ќе оствари официјална посета на Општина Струга, каде што ќе биде пречекан од градоначалникот Менди Ќура.

Во рамки на посетата, од 13:00 до 13:30 часот, претседателот Бегај и градоначалникот Ќура ќе остварат прошетка низ централното градско подрачје на Струга. Прошетката вклучува посета на Мостот на поезијата и дрвениот мост „Насер Хани“, како и движење по градското корзо низ Старата чаршија. Во продолжение на агендата, предвидена е и посета на село Ливада.
OhridNews











