Портпаролот на комисијата, Зоран Таневски, ја потврди информацијата.
„Можам само да ја потврдам информацијата дека Новаковски поднесе оставка. Причините за тоа не ми се познати, ниту пак кога е поднесена. Од 2006 година кога беше избрана комисијата, ова е прв ваков случај“, рече Таневски.
Новаковски беше избран за претседател на комисијата на 4 декември 2008 година.
извор: Makfaks