Претседателот на турскиот шампион Фенербахче, Азиз Јилдирим, е меѓу 30 уапсени лица вмешани во местење фудбалски натпревари во Турција.


Покрај него, уапсени се и потпретседателот на клубот Секип Мостуроглу,
како и потпретседателот на Трабзонспор и поранешен турски
репрезентативец Умит Каран. Меѓу уапсените фудбалери се и голманот на
Анкарагучу, Сердар Кулбилге. Полициската акција сé уште е во тек.

Ohridnews