Средби со шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски оствари денеска во Скопје првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, по повод 30. годишнината од основањето на МОК и 51. Генерално собрание на Европските олимписки комитети.

Претседателот на ИОК, Томас Бах воодушевен од сето она што го виде во Скопје и воопшто како се развива МОК и македонскиот спорт, на претседателот на МОК Димевски му ја врачи престижната награда – ИОК трофеј „Олимписка куќа“, соопшти МОК.
Претседателите Бах и Димевски, заедно со претседателот на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос, остварија средба и со македонскиот претседател Стево Пендаровски на која се разговараше за многу проекти од заеднички интерес.
Бах, притоа, вети дека МОК и македонскиот спорт ќе биде уште повеќе поддржан од ИОК.
OhridNews











