Во рамки на својата работна посета во Македонија, денеска Претседателот на Собранието на Канада , Ендру Шер, вчера, престојуваше во Охрид.
Во негова чест Роман Вашчук – нерезидентен Амбасадор на Канада за Република Македонија чие седиште е во Белград , организираше свечен ручек на кој присуствуваше и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
На средбата, Бакрачески со вториот човек на Канада Шер и амбасадорот Вашчук разговарал околу можностите за соработка на полето на културата, спортот и образованието, како и за можностите за привлекување канадски компании во слободните индустриски зони и инвестиции во Охрид, информираат од прес службата на локалната самоуправа.
Во придружба на градоначалникот гостите ги разгледаа најрепрезентативните културно историски знаменитости на Охрид.
OhridNews