– Не реагирав веднаш бидејќи во ниту една ситуација не сакам да ја злоупотребувам партиската говорница на Либерално демократската партија, а најмалку со скандали да ја градам мојата политичка кариера. Бидејќи верувам во правната држава и инстиитуциите, решив да поднесам преставка во охридската Полициска станица. Ги информирав сите одговорни и сега чекам внатрешната контрола на МВР да си ја заврши работата. Би сакал да се воздржеме, на настанот да му даваме друга димензија или било каква политичка позадина, изјави Блажески на денешната прес- конференција.
Тој додаде дека прес- конференцијата ја свикал со цел ваквите непријатни настани да не се случуваат повеќе, народот да почне да се чуствува безбедно и да не се дозволи поединци да го рушат имиџот на професионалните полицајци.
Од СВР- Охрид информираа дека претставката ќе биде разгледана од Службата за внатрешна контрола и професионални стандарди, која е надлежна за постапување во вакви случаи.