Претседателот на МКФ, Даниел Димевски ќе се кандидира за прв човек на ФИБА
08.02.14 13:39
На годишното собрание во Охрид, првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски најави дека ќе поднесе кандидатура за претседател на Европската кошаркарска федерација (ФИБА).
– Сакам да ги информирам сите клубови членки на МКФ и медиуми во Македонија дека со поддршка на 12 членки во ФИБА Европа јас прифатив да бидам еден од двајцата кандидати за нов претседател на ФИБА Европа. Изборот на претседател на ФИБА Европа ќе биде на собранието во мај месец годинава, а засега сме само двајца кандидати кои најавија своја кандидатура, јас и турскиот кандидат, господинот Тургај Демирел. Се надевам дека ќе остане на двајца. Верувам дека по четири -годишно водење на натпреварувачката комисија во ФИБА Европа стекнав доволно искуство да можам и да ја водам оваа голема куќа на кошарката во Европа. Сакам овој позитивен дух кој го изградивме кај нас да го пренесам и споделам со сите наши пријатели во ФИБА Европа – рече Димевски.
Изборот за нов претседател на ФИБА Европа ќе се одржи на Генералното собрание на ФИБА Европа во мај годинава.
На собранието во Охрид ќе бидат прогласени кошаркаските лаурети за 2013 година во нашата држава.
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Кошаркарите на Охрид загубија на отворањето на плеј-оф фазата во Првата лига Попладнево во салата “Билјанини извори” ГКК Охрид загуби од КК Соколи Штип 55:75 Првото полувреме донесе изр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.