Што придонесе Антонио Милошоски како носител на 5-тата ИЕ и пратениците кои се повторно кандидати? Распределбата на средства по општини од Агенцијата за патишта која се врши по одредени критериуми, односно методологии, во кои што влегуваат број на возила, на улици, број на жители, потрошено гориво, општина Охрид од овие кои гласно ќе се борат за Охрид, е осакатена за околу 2,5 милиони евра, истакна претседателот на општинскиот огранок на ЛДП, Дејан Блажески, на денешната прес-конференција.

„Ова го зборувам затоа што по таа методологија, општина Охрид треба годишно да добива од 20-30 милиони денари. Општини кои ги исполнуваат овие критериуми ги добиваат овие пари, а општина Охрид во последните осум години добива 7-9 милиони денари на годишно ниво. Тоа не значи никавка љубов на градот, туку само лажно продавање магла од кандидатите за пратеници.“ – рече Блажески.

Тој истакна дека новите кандидати за пратеници од редовите на владејачката партија, д-р Сашо Василевски и д-р Љубен Арнаудов, немаат кредибилитет да бараат мандат од граѓаните, бидејќи здравството во последните осум годни се наоѓа во катастрофална состојба.

„20 години се трудиме да го опоравиме здравството во Република Македонија, меѓутоа овие последни осум години, знаете што се случуваше во болницата во Охрид. Лекарите и пациентите знаат колку беше загреана, зошто не признаат колку тужби имаат од хирурзите и анестеолозите за ненавремено исплатени дежурства, зошто не кажат дека немаат стручен кадар што знае да управува со апаратите, дури нестручните луѓе го упропастија 4Д апаратот. Зошто не кажат дека компјутерскиот систем кој што го воведоа е катастрофален и го отежнува работењето на лекарите и пациентите.“ – истакна Блажески.

Претседателот на општинскиот огранок на ЛДП изјави дека поднел тужба за клевета и навреда против кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНE, д-р Сашо Василевски, за коментар со лични дикфалификации и навреди напишан на социјалните мрежи.

„ Ова е коментар од еден пратеник, поранешен носител на листата на СПМ. Ова е коментар од еден доктор, којшто поседува се, само не етика. Не само што клеветел и лажел, за што немам намера да простам, и официјално ве известувам дека веќе е поднесена тужба против д-р Василевски, за кој се извинувам, не можам да кажам дека ја исполнува лекарската етика.“ – рече Блажески, потенцирајќи дека парите од тужбата ќе бидат донирани во Психијатриското одделение за болните од мултиплекс склероза, односно на медиумите за промовирање и превенција од оваа сериозна дијагноза. Блажески на прес конференцијата како непрофесионален го окфалификува и односот на сопругата на кандидатот за пратеник.

Претседателот на ОО ЛДП Охрид  ги повика граѓаните, еснфот и лекарите, да го осудат неетичкото однесување и ниската реторика.

„Затоа повик до граѓаните да размилат уште еднаш, дали на оној анимозитет кој го покажува ДПМНЕ кон  Охрид, треба да им дадеме амин. Како советник, ве уверувам дека има разлика меѓу Тунтев, Цветкоска и Танасоски, за разлика од нивните кандидати.“ – рече Блажески.

OhridNews