Денеска, СДСМ на граѓаните во Охрид ќе им ги промовира мерките од својата нова програма. Промоцијата на конкретните мерки и активности од клучните области на општественото живеење на охриѓани ќе ја реализира стручен тим од СДСМ, предводен од претседателот на партијата Зоран Заев и генералниот секретар Оливер Спасовски.
Од 13.30 до 15.30 часот, охриѓани ќе имаат можност да остварат директна и непосредна комуникација со промоторите на програмските активности на два штанда, што ќе бидат поставени на градскиот плоштад и кај чинарот, каде што сите заинтересирани посетители ќе можат да ги изнесат своите ставови, мислења и предлози во врска со новата програма на СДСМ. Покрај тоа, во текот на денот се предвидени уште неколку промотивни активности: посета на дуќани по чаршијата; посета на пазарот; посета на домови на наши сограѓани; средби со земјоделци, со невладини организации и здруженија, со пензионери, со угостители, станоиздавачи, бизнисмени, спортисти, млади; настап на локални медиуми и прес конференција.
Промотивните активности на СДСМ во Охрид ќе завршат со организирање на отворена трибина со граѓаните, што ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 часот. На трибината се очекува свое излагање да има Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој потоа, заедно со членовите од стручниот тим, ќе одговора на поставените прашањата и сугестии од страна на присутните граѓани.
OhridNews