Претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески , по повод 30 годишниот јубилеј, денеска упати честитка  до Митрополитот Дебарско- кичевски г.Тимотеј и вселувањето во новите простории на Митрополитско административниот центар, што се наоѓаат во старото Основно училиште Свети Климент Охридски во близина на Црквата Света Богородица Периливлепта.

-Во името на Советот на Општина Охрид , примете ги моите искрени честитки по повод 30 годишниот јубилеј  и вселувањето во новите простории на Митрополитскиот административен центар. Уверени сме дека со взаемно почитување и соработка со Локалната самоуправа и нејзините органи , покрај овој комплекс , што се наоѓа во непосредна близина на една од најпознатите охридски цркви, црквата посветена на Света Богородица Перивлепта, ќе уредиме и други кои генерациите по нас ќе ги потсетуваат дека Охрид бил и е црковна и духовна престолнина на земјите на православието- се вели во честитката на претседателот на Советот на Општина Охрид Душко Јаковчески до Митрополитот дебарско- кичевски г. Тимотеј.

OhridNews