Во днодневна посета на Македонија денеска ќе допатува претседателот на Србија, Томислав Николиќ.
Николиќ ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, а предвидени се и средби со премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Претседателите Иванмов и Николиќ во сабота ќе го посетат дојранското село Сретеново, каде ќе имаат средби со локални семејства од српско потекло. Двајцата претседатели предвидено е да го посетат и Валандово каде ќе присуствуваат на 13-та по ред „Валандовска ракијада“ и ќе ги посетат винариите „Еленови“ и „Стоби“.