Во периодот од 24 до 26 август, во хотелот Метропол во Охрид ќе се одржи работилница на тема „Стратегиски комуникации и евроатланските интеграции: Импликации за земјите од Западен Балкан“.

Организатори на настанот се Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар–Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината Маршал Центар од Република Северна  Македонија.

Работилницата ќе ја отворат:  Д-р Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија,  Г-ѓа Кејт Мари Бирнс, амбасадор на американската амбасада во Северна Македонија, Г-дин Ото Граф, ДКМ на Амбасадата на Федералната ребулика на Германија во Северна Македонија, Полковник Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО Скопје.

Помеѓу предавачите се и ценети професори од САД, РМ и други НАТО и земји аспиранти за членство во НАТО како и високи претставници од МНР, МВР и МО.