Во Македонија денеска се одржуваат четвртите непосредни претседатески и локални избори.

Гласачките места денеска ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. На претседателските и локалните избори право на глас имаат еден 1.792.082 избирачи евидентирани во Единствениот избирачки список.

Тие ќе можат својот глас да го дадат за еден од седумте претседателски кандидати, односно за еден од шесте кандидати за градоначалник на Општина Охрид. Ќе се гласа и за избор на членови на Советот на општината, за што конкурираат 12 листи на политички партии и 7 листи на група избирачи.

Во Охрид ќе се гласа на 73 избирачки места, а право на глас имаат 53 893 граѓани. Осум избирачки места за претседателските и локалните избори се дислоцирани:

Гласачите кои досега гласаа во избирачкото место 1250 во просториите на Сојузот на борци, своето право на глас можат да го остварат во просториите на охридската капетанија.

Гласачкото место 1254 наместо во Еектро-Охрид ќе биде сместено во просториите на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ во градскиот пазар.

Граѓаните кои гравитираат кон избирачкото место 1261, наместо во „Бетон“, ќе гласаат во  просториите на СИЗ за станување.

Избирачкото место 1264  сега е  лоцирано во месната заедница „Кошишта“, а не каде што беше, во старата дирекција на „Охридска трговија“.

Денеска, избирачите од гласачкото место 1289 нема да гласаат во печатницата „Коста Абраш“, туку во приватна куќа веднаш до печатницата.

Избирачкото место 1308 од месната заедница „Воска“ се сели во амбулантата „Воска“, а  1272 наместо во Џам комерц ќе биде сместено во општата болница-Охрид.

Променета е и локацијата на избирачкото место 1285. Гласачите наместо во „Гранит“ ќе можат да го остварат правото на глас во Електро-машинскиот училиштен центар „Свети Наум Охридски“.

OHRIDNEWS