Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, денеска е во посета на охридскиот регион. Пендаровски во 12:30 часот ќе го посети село Белчишта, каде ќе оствари средби со тамошните жители. Со почеток во 13:00 часот, претседателскиот кандидат на СДСМ посетата ќе ја продолжи со прошетка и посета на Мешеишта, а во 13:30 часот ќе се упати на средба со жителите на село Волино.
Попладнево, Пендаровски е предвидено да го посети и струшкиот регион, а во 16 часот предвидена е средба со жителите на Вевчани.
Во 18:00 часот, претседателскиот кандидат пристигнува во Охрид, кој во рамки на прошетката низ охридската чаршија ќе оствари средба со граѓаните. Во 20:00 часот ќе се одржи централниот настан на градскиот плоштад во Охрид на кој ќе се обрати претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, кој ќе ги слушне прашањата на охриѓани и ќе даде свои одговори.
OhridNews