Кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ, проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, која вчера беше избрана на конвенцијата што се одржа во Струга, денес прошета низ охридската чаршија.

Придружена од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов и Александар Николоски, Силјановска Давкова имаше можност да се сретне и поздрави со бројните минувачи кои и посакаа успех на изборите.

  • Денеска во Охрид го имав задоволството заеднички да разговараме со актуелниот и цврсто верувам, идниот Претседател на Република Македонија. На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите, кои ќе ја заштитат волјата на граѓаните, и кои ќе бидат бескомпромисни борци за словото на законот и правната држава. И тоа во време кога правдата е нападната од неправда и кога владата ја гази волјата на народот, напиша на својата Фејсбук страница претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски.

СДСМ најави дека нивиот кандидат за претседател ќе биде соопштен на почетокот на март.
Претседателските избори ќе се одржат во април, заедно со локалните избори во Охрид.

OhridNews