Денеска претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, придружуван од највисокото раковдство на општинската организација на партијата во Охрид, прошета низ охридската чаршија и оствари контакти со граѓаните.

Пендаровски ја посети црквата Св.Богородица Каменско и Зејнел Абидин Паша Теќето, едно од најпознатите светилишта на верниците со муслиманска вероисповед во Охрид.

Заедно со охридската социјалдемократска младина, претседателскиот кандидат седна на турски  чај во една од чајџилниците во старата охридска чаршија.

Претходно, Пендаровски ги посети селата Белчишта, Мешеишта и Волино, како и населените места во струшкиот регион.

Инаку, во 20:00 часот ќе се одржи централниот настан на градскиот плоштад во Охрид на кој ќе се обрати претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, кој ќе ги слушне прашањата на охриѓани и ќе даде свои одговори.

OhridNews