Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ќе биде домаќин на Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, г-дин Жељко Комшиќ, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Комшиќ доаѓа во Македонија на пладне, а ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести.

Претседателите ќе имаат тет-а-тет средба, а по официјалните разговори и пленарниот состанок на делегациите, предвидена е изјава за медиумите.

OhridNews