Оваа претстава наречена селска ѓурултија со ѕенѕање, тропање и скокање, на публиката и нуди несекојдневна забава и уживање. Претставата изобилува со многу комични елементи, со многу стари народни песни познати на пошироката публика кои се изведуваат во живо.Претставата е авторско дело на режисерот Андреј Цветановски, а улогите ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Игор Георгиев.
Почеток на претставата “Ај да си речиме уште една” е во 20 часот. Билетите чија цена изнесува 100 денари ќе бидат нумерирани.












