Центар за култура „Григор Прличев“

Од 16.05.2024 - 20:00 до 16.05.2024 - 22:00

Претставата „Чекајќи го Годо“ работена според делото на Семјуел Бекет, во режија Сашо Миленковски, ќе биде одиграна на сцената на Народниот театар Охрид во Центарот за култура „Григор Прличев“ во четврток, 16 мај.

Во претставата играат: Владимир – Стрезо Стаматовски, Естрагон – Никола Тодороски, Лаки – Павел Маслов, Поцо – Филип Кипровски и Годо -Ангел Ристоски.

Претставата почнува во 20:00 часот. Карти по цена од 250 денари се продаваат на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“.

OhridNews