Со изведба на претставата „Емигранти“, по паузата за новогодишните, божикните празници и Водици, од петок,продолжува редовниот репертоар на охридскиот Народен театар.

Со почеток во 20 часот, „Емигранти“ ќе се изведува во петок и сабота.

Претставата  е работена според текст од Славомир Мрожек, а е во режија на Ирена Стеријовска.

Во претставата играат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Биљана и Адријана Билаловиќ. Продуцент е Горан Стојаноски, музика Стрезо Стаматовски, музичка изведба Ѓоко Алоски, сценографија Владимир Ѓорески – Рафик, костимограф Кристина Мукоска Затуроска, инспициент е Филип Ангеличин – Жура, за дизајнот се погрижи  Номче Џулески. Сценска изведба Борис Велјаноски и Светло Зоран Левески.

OhridNews