Претставата која е своевиден “политички мјузикл” зборува за актуелните теми во земјата на патот за Европа.
Љубителите на театарот синоќа имаа можност предпремиерно да ја погледаат претставата „Европа“, а поктај премиерата, вечерва, ќе биде прикажана и реприза утре вечер. Сите претстави почнуваат во 20 часот во малата сала при Центарот за култура Григор Прличев.
Улогите во претставата ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ, Билјана Билаловиќ и Стрезо Стаматоски.
„Европа“ е втора премиера на Градскиот театар Охрид кој неодамна воспостави редовен репертоар. До крајот на годината Градскиот театар подготвува уште една премиера.