Претставата е краен производ на вештините кои учесниците на мултиетничкиот камп кој се одржа во јули во Крушево ги развија, поврзани со изведувачките уметности како што се танцот, физичкиот театар и слем поезијата.
Во овој краен производ тие ги интегрираа истите во контекст на продлабочена потрага по решенија за надминување на формите на поделба, конфликт и предрасудите меѓу луѓето по различни основи. Сценариото и решенијата во приказната се авторство на учесниците и го рефлектираат ставот на младиот дух.
Креативен тим го сочинуваат : Марија Новак, Џабир Доко, Тина Т. Петреска, Мефаил Исмаили, Климентина Јаулеска.
Улогите во претставата ги толкуваат: Радмила Ристоска, Рамазан Иса, Катерина Велоска, Антонио Стаматоски, Хаѕал Аѕдарçе, Викторија Попоска, Вјоса Асани, Димитар Стојковски, Блета Зиба, Тамара Отович, Арзу Буş, Александра Лазороска, Алма Османи, Билјана Ефтимова.
Оваа активност е дел од проектот „ Различноста – мост, а не бариера, имплементиран од Локална Агенција за Развој -Струга, поддржан од: Civica Mobilitas, Центарот за институционален развој ЦИР-а, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.