На 24- ти октомври во Центарот за култура ќе гостува театарската претстава “Исти на различен начин“ од авторот Венко Андоновски, а во режија на Наташа Поплавска.

Станува збор за комедија од едукативен карактер, претстава поддржана и од министерството за култура, а која се прикажува во поголемиот број градови во земјава.

Улогите во претставата ги толкуваат : Сашко Коцев, Венко Андоновски, Наташа Поплавска, Нина Деан, Бесфорд Идризи, Зиба Радончиќ, Емран Куртишова.

По;етокот на претставата е во 20 часот. Влезот е слободен.

OhridNews