Претставата „Кабаре Мистериозо“ на охридскиот Народен театар, која премиерно беше изведена на годинешното Охридско лето, љубителите на театарската уметност повторно ќе можат да ја проследат во сабота.

“Кабаре Мистериозо” е правена според текст на италјанскиот сатиричар, драматург, актер и режисер, Дарио Фо, а е во режија на Дамјан Дамјановски.


Во претставата, која која е збир на сцени и теми од религијата и Евангелието, настапува комплетната охридска актерска екипа: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ, Никола Тодоровски, Адријана Билаловиќ, како и Ивица Чонев и Златко Митрески.


Претставата ќе се игра на сцената во малата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”, со почеток во 20 часот. Цената на билетот е 150 денари.

OhridNews