Центар за култура „Григор Прличев“

Од 21.02.2020 - 20:00 до 21.02.2020 - 21:30

На репертоарот на Народниот театар Охрид, во петок, 21 февруари, повторно ќе биде хит претставата „Каде е пиштолот?“ од унгарски автор Габор Ѓоргеј, во режија на Дејана Николовска. Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев и Стрезо Стаматовски.

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

Почеток 20.00 часот.Телефон за резервации: 046/261-063, 075/283-066.

OhridNews