Љубителите на театарот ќе имаат можност денес да ја погледнат претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски со почеток 20.00 часот.

Во претставата играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цоневи и Горан Стојаноски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографија на Андреј Ѓоргиевски.

Картите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

OhridNews