Центар за култура „Григор Прличев“

Од 15.04.2022 - 20:00 до 15.04.2022 - 21:30

Љубителите на театарот ќе имаат можност во петок на 15 април да ја погледнат претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓоргиевски со почеток 20.00 часот.

Во претставата играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цоневи и Горан Стојаноски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографија на Андреј Ѓоргиевски.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Настанот се одржува согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.

OhridNews