
Претставата говори за барањето на вистинските човечки особини и вредности, вечната тема љубовта, за смислата на љубовта и бракот, робувањето на моралните вредности кои сами ги поставуваме и често стануваат бариери во секојдневниот живот.
Меѓу актерите во претставата се и гостите од битолскиот Народен театар, доајенот на македонското глумиште Петар Мирчески и актерката Јулијана Стефанова.
Музиката во претставата е на Горан Трајкоски.
По 14 октомври, претставата „Малограѓанска свадба“ ќе биде дел од редовниот репертоар на театарот.












