
„Слугинки е метафора на слободата! Слобода да се сака, твори, живее, работи, љуби… Метафора на нашето денешно живеење… На нашите стеги, стравови, желби, копнежи… “ – вели режисерот Иван Јерчиќ.

„Слугинки“ е гостувачка претстава од Битола на репертоарот на Градски театар Охрид. Играат: Илина Чоревска, Викторија Степановска и Маја Андоновска.
Претставата започнува во 19 часот.
 
					



 
							







 
					