Соларен погон, воздушен меѓуградски систем, транспорт кој пренесува патници и автомобили од Лос Анџелес до Сан Франциско за половина час – Илон Маск, магнат и визионер и извршен директор на компанијата „Тесла моторс“ и „Space X“, конечно го откри својот план кој може да започне револуција во транспортот каков што го познаваме, пренесува “blic”.

Транспортниот систем го носи името“Hyperloop”. Предвидено е тој да транспортира луѓе со помош на алуминиумски капсули сместени во челични цевки. Како што пренесуваат американските медиуми“Hyperloop” изгледа како сачмарка, со цевки кои се разминуваат една покрај друга. Тие се поставени на столбови меѓусебно одалечени на 46 до 91 метар, а капсулите во нив ќе патуваат со брзина од 1288 километри на час.

Илон Маск, кој на 12 години ја продаде својата прва комјутерска програма,  вселенската видеоигра“Blastar” za 500 dolara, изгради кариера како претприемач. Коосновач е на Пејпл, а своето богатство потоа го вложува во развој на транспортот пишува “Blumberg”, Според првичните проценки изградбата на системот со капсули само за луѓе ќе чини околу 6 милијарди долари, а за транспорт на луѓе и автомобили околу 10 милијарди долари.

Паралелно со овој проект, компанијата “ET3”,од Колорадо работи на транспорт во цевки кој се опишува како вселенско патување околу Земјата. Според проектот со овој систем би се патувало со брзина од неверојатни 6440 километри на час, односно од Њујорк до Лос Анџелес за 45 минути!

За разлика од “Hyperloop”, “ET3” развива систем со две цевки по една во секој правец, со капсули со големина на автомобил во кои ќе можат да се превезуваат 6 лица. Компанијата соработува со партнери од Кина каде веќе биле откупени стотина дозволи за користење на напредната технологија.

OhridNews
извор:„blic.rs“