Во големата општинска сала, денес, се одржа работилница за механизмите на финансиска поддршка на ЕУ „ЕУ за ТЕБЕ“ што ја организира делегацијата на Европската унија во Македонија.

Целта  на средбата на која презентација одржа раководителот за соработка при Делегацијата на Европската Унија ,Никола Бертолини, беше локалните власти, граѓански организации, асоцијации, земјоделци и бизнисмени подобро да се запознаат со актуелните можности  за финансирање на локално ниво.

Во  своето излагање Бертолини посебен акцент стави  на можностите за финансиска поддршка на локални проекти ИПА 1 и ИПА 2 во следните три години.

Во рамки на работилницата  присутните упатуваа прашања и ги запознаваа претставниците на Делегацијата на ЕУ  со предизвиците и ограничувањата со кои се соочуваат на локално ниво.

Во рамки на настанот се одржа работна сесија со работни групи, а ќе бидат презентирани и заклучоците и резултатите од секоја група.

OhridNews