Движењето „Македонија блокира“ вечерва во Вевчани одржа протест против уставните измени со цел промена на името. На протестот беше прочитано писмото кое подоцна му беше предадено на пратеникот Крсто Мукоски во неговиот дом, каде тој прими неколкумина претставници на движењето Македонија блокира“. Мукоски е еден од осуммината опозициски пратеници кој даде зелено светло за институционализирање на Договорот од Преспа.

Учесниците на протестот побараа од Мукоски и неговите колеги пратеници да се предомислат и да не ги гласаат најавените уставни измени, бидејќи тоа е на штета на Република Македонија.

По средбата со пратеникот Мукоски, Филип Петровски од фракцијата на ВМРО ДПМНЕ и член на „Македонија блокира“, изјави дека писмото е врачено и дека било побарано од Крсто Мукоски да не учествува во уставните измени и дека сега се е на него, а движењето ќе продолжи со други активности.

Г.М.