Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ беше реализирана тематска студиска посета во Словенија.

Во истата учествуваа 8 претставници на Црвен крст Охрид, Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, Јавната установа Национален парк Галичица и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид.

Целта на студиската посета беше да се разменат искуства, да се воспостави соработка, како и да се стекнат знаења за добри практики од областа на истражување, скицирање, мониторинг и заштита на пештерски екосистеми, воспоставување на систем на еколошка едукација за заштита на пештерски екосистеми и адаптација кон климатските промени, спасување на планина, спасување во пештери, работа со спасителни кучиња, адаптација кон климатските промени, превенција и дејствување при шумски пожари, како и проектно и програмско работење и управување на посетените организации/институции, информираат од Црвен крст Охрид.

Посетата, додаваат, се искористи и за вмрежување помеѓу организациите и институции со цел поголема соработка, заштита на животната средина, како и можно идно заедничко аплицирање за проекти и истражувања.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT .

OhridNews