Директорот на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, Сашо Недески, професорот Ванѓел Костоски, заедно со претставници од Министерство за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и претставник на LTH-Леарница–Охрид, беа во студиска посета на Република Германија со цел запознавање со начинот на организирање и спроведување на дуалното образование.
Притоа беше остварена средба во локална комора за трговија и индустрија (IHK) како и претставување на комората и задачите во делот на стручното образување и доусовршување.
Остварена е посета на компанијата Marquardt во Ритхајм Вајлхајм (Rietheim-Weilheim) која брои вкупно 11000 вработени од кои дел се во нивната фабрика во Велес. Во состав на самата фабрика една од халите е целосно адаптирана за обука на ученици вклучени во дуално образование.
Беше посетено и училиштето Фердинанд фон Штајнбас во Тутлинген (Tuttlingen) како и Центарот за обука во Тутлинген BBT (Tuttlingen), каде се спроведува дуалното образование, кое се изведува 30% во училиште, а 70% во фабрика со што учениците се стекнуваат со неопходните знаења и вештини за работа во производниот процес.
Со посетата на една од најнапредните компании за подршка и изработка на нагледни средства во Германија Festo Didactic во Денкендорф беше заокружена студиската посета.
OhridNews













