Најчесто учениците од основните и средните училишта организирано по разни поводи и промоции доаѓаат во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“, но предновогодишно, дел од вработените во библиотеката беа во посета на училиштето „Братство – Единство“- Лескајца.

Домаќини беа учениците од трето одделение, заедно со нивните одделенски наставнички Елизабета Здравеска и Нада Буџакоска. Вработените во охридската библиотека на училишната библиотека и подарија неколку нови наслови од детската литература, им приредија кусо литературно читање со поетски творби посветени на Дедо Мраз, зимата, снегот…

Децата возвратија со песнички и стихови и заедно го пречекаа Дедо Мраз во нивните училници кој им подари пригодни подароци.

OhridNews